ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Последна промена: Јануари 14, 2022
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Оваа Политика за приватност се однесува на www.webstrian.mk (“Webstrian”, “Веб-сајт”, “Сајт”) во сопственост на Икс Софт Девелопмент – ДООЕЛ Скопје (“Икс Софт”, “ние”, “нас”) и објаснува како Webstrian ги собира и ги користи информациите за посетителите и корисниците на Веб-сајтот, вклучително и персоналните информаци кои корисниците ги наведуваат и објавуваат на Сајтот. Во овој документ исто така е наведено за што, на кој начин и во кои случаи ги користиме информациите за корисниците, вклучувајќи ги и персоналните информации и како може да пристапувате до нив и да ги ажурирате.
Со користењето и/или пристапувањето на Webstrian, Вие ги прифаќате практиките, правилата и условите опишани во оваа Политика за приватност, како и нашите Правила и услови на користење.
Ние не ги продаваме, изнајмуваме, разменуваме или на друг начин ги споделуваме Вашите лични податоци со трети страни, освен како што е тоа опишано во оваа Политика за приватност. Ние не ги побаруваме Вашите лични информации доколку тие не се неопходни. Не ги споделуваме Вашите лични информации со никого освен ако тоа не е согласно со законите, во цели за понатамошен развој на продуктот или со цел да ги заштитиме нашите права. Вашите лични информации ги чуваме само доколку ни требаат за услугите кои ги нудиме.
Овој документ е дизајниран да ве информира за обработката на вашите лични податоци и вашите права во врска со оваа обработка според Законот за заштита на лични податоци, Општата регулатива за заштита на податоците („GDPR“) и други законски прописи.
Ние, Икс Софт Девелопмент – ДООЕЛ Скопје, како сопственик на Webstrian, сме контролор според Законот за заштита на лични податоци и според тоа сме одговорни за обработката на податоците објаснета во оваа политика.
Нашето одговорно лице за заштита на лични податоци можете да го контактирате преку нашата контакт страница и контакт информациите приложени на страницата.
2. РЕГИСТРАЦИЈА
Услугите кои ги овозможуваме преку Webstrian може да се користат само доколку корисникот се регистрира во системот. За време на процесот на регистрација се собираат следниве информации: е-пошта, име, презиме и лозинка. По регистрирањето ќе добиете електронска порака (e-mail) како известување дека сте се регистрирале во системот и во неа ќе бидат наведени деталите кои се однесуваат за Вашата корисничка сметка и пристап до неа. Подоцна, преку Вашата профил-страница, може да додадете и други информации за Вас или да ги менувате постоечките.
Личните податоци кои ги наведувте во формуларот за регистрација ќе бидат обработувани за креирање и одржување на вашата корисничка сметка како и за целите на обезбедување на услугата за која ја креиравте корисничката сметка. Доколку сакате да ја избришете вашата сметка, со поднесување на барање до нас, вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен во случаите кога законски сме обврзани да ги чуваме податоците.
3. ПРЕТПЛАТА ЗА УСЛУГАТА
По регистрирањето во системот имате бесплатен период на негово користење. По завршување на бесплатниот периодот, доколку се одлучите и понатаму да го користите нашиот систем и да се претплатите на услугата, ќе треба да ги внесете и следните информации за Вас: адреса, град, поштенски код, држава и/или останатите опционални информации како што се телефонски број или име на компанија.
За поддршка на плаќањата преку Интернет, Webstrian ги користи услугите на трети компании, процесори за онлајн плаќања. Во процесот на онлајн плаќање ги споделуваме Вашите лични податоци со овие платежни процесори. Употребата на Вашите лични податоци од страна на овие платежни процесори се регулирани со нивните политики за приватност.
4. КОМЕНТАРИ И КОРИСНИЧКИ СОДРЖИНИ
Доколку поставите коментари или кориснички содржини на Сајтот кои содржат персонални информации, треба да имате на ум дека истите може да бидат прочитани, преземени или искористени од страна на другите корисници и посетители на сајтот или од трети лица и компании. Ние не сме одговорни за овие информации и не може да гарантираме дека тие нема да бидат искористени од трети лица и/или надвор од Сајтот.
5. ФОРМУЛАР ЗА КОНТАКТ
Доколку сакате да нé контактирате тоа можете да го направите преку формуларот за контакт:
контакт страница. Личните податоци кои ги оставате преку формуларот за контакт ќе бидат обработени само за да одговориме на вашето барање. Пополнувањето и доставувањето на формуларот за контакт претставува афирмативно дејство со кое ни давате согласност за обработка на податоците од контакт формата.
6. СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Webstrian им дава на корисниците можност за комуникација и објавување на содржини на јавни мрежи како Twitter, Facebook, Google+, Instagram, Dropbox и др. Вашата интеракција на овие мрежи и сите информации кои ги објавувате преку нив се јавно видливи и достапни надвор од доменот на Webstrian. Секоја социјална мрежа има своја политика за приватност. Доколку не сакате тие информации да бидат јавно достапни, тогаш не треба да ги користите овие можности на нашиот веб-сајт. Ние не сме одговорни за информациите кои ги објавувате на овој начин.
7. КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ИНФОРМАЦИИТЕ
-
Личните информации кои ги имате внесено во системот, како што се Вашето име и презиме, се прикажуваат во администраторскиот дел од системот до кој пристапувате, но само доколку претходно се најавите.
-
Webstrian користи информации за Вашето користење на системот со цел испраќање на известувања кои се однесуваат на неговата работа.
-
Информациите кои ги собираме преку нашите логови се користат со цел идентификација на потенцијални случаи на злоупотреба на нашиот систем или со цел добивање на статистички информации за користење на системот.
Го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични информации доколку тоа се бара со закон или кога веруваме дека таквото откривање е неопходно со цел да ги заштитиме нашите права, или кога треба да постапиме во согласност со судската постапка, судски налог или правен процес кој нѐ вклучува нас или кој било од нашите соработници или партнери.
8. БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ
Сите кориснички информации кои се сочувани во системот се чуваат во безбедни бази на податоци, заштитени преку различни индустриски стандарди за контроли на пристап, безбедносни лозинки, SSL енкрипција, firewalls и останати мерки на безбедност. Меѓутоа, ниту една компанија, вклучувајќи го и Икс Софт, не може во целост да ги елиминира безбедносните ризици при пренос на податоци и информации преку онлајн конекции, така што користењето на овие системи е на Ваш сопствен ризик.
9. ПРИСТАП ДО ЛИЧНИТЕ ИНФОРМАЦИИ
Сите информации кои Webstrian ги чува за Вашата корисничка сметка, вклучувајќи ги и податоците за претплатата и податоците за сметките, се достапни преку админ-панелот на Вашиот профил. Преку овој дел од системот може да ги прегледувате и ажурирате Вашите податоци и податоците кои се однесуваат за Вас.
Доколку сакате, може да ја деактивирате Вашата корисничка сметка, со повик во нашиот контакт центар за поддршка, меѓутоа и по деактивацијата на Вашата корисничка сметка, информациите ќе останат во нашиот систем бидејќи законски сме обврзани да ги чуваме тие податоци.
10. КОМУНИКАЦИИ ОД WEBSTRIAN
- За управување и администрација со комуникацијата и праќањето на електронски пораки преку системот и преку веб-сајтовите на корисниците се користат услуги од трети компании. Заштитата на личните информации, во случај на овие комуникации, се регулирани со политиките за приватност на компаниите чии услуги ги користиме.
- Во случаите кога е неопходно, ќе Ви бидат испратени известувања поврзани со користењето на услугите. Овие пораки не се во промотивни цели.
- Со Ваша дозвола, повремено ќе Ви испраќаме пораки кои се однесуваат за новите можности или услуги кои им ги нудиме на нашите корисници.
- Вашите информации може да ги искористиме во случај доколку испратите барање или помош од одделот за техничка поддршка, со цел за да Ве контактираме и да Ви одговориме на Вашето барање.
- Без Ваше претходно одобрување, од нас може да добивате само известувања кои се поврзани со работата и користењето на Услугата.
- По деактивирањето на Вашата корисничка сметка, понатаму нема да добивате известувања од нашиот систем и Услуга.
11. СПОДЕЛУВАЊЕ НА ИНФОРМАЦИИ
Со нашите маркетинг партнери ги споделуваме агрегатните информации за корисниците. Овие информации не ги идентификуваат индивидуалните корисници и содржат статистики поврзани со географската локација на корисниците и посетеноста на сајтот. Овие информации по потреба може да ги споделуваме и со трети компании со кои соработуваме и кои ни помагаат да ги анализираме статистиките за корисниците со цел за да ги подобриме нашите услуги. Агрегатните статистички податоци од корисниците не ги поврзуваме со нивните персонални информации.
Во процесот на обезбедување на услугите користиме услуги од трети компании. Пример за овие услуги се процесирање на плаќањата со платежни картички, користење на сервери за е-пошта или анализирање на податоци. Овие трети компании имаат пристап до личните податоци со цел да ги извршуваат нивните услуги во наше име и се овластени од нас да ги користат овие податоци само во случај на услугите кои ги обезбедуваат за нас.
Овие трети компании може да се наоѓаат во земји во и надвор од Европската унија (ЕУ) и Европската економска област (ЕЕА). Ние се осигуруваме дека овие трети компании ги обработуваат личните податоци во согласност со европското законодавство за заштита на лични податоци со цел да се гарантира соодветно ниво на заштита на податоците.
Во случај на трансфер или продавање на бизнисот, информациите за корисниците како дел од бизнисот исто така се пренесуваат понатаму, но тие остануваат да бидат заштитени со претходната Политика за приватност.
Го задржуваме правото да ги споделиме и откриеме информациите за корисникот, односно податоците за корисничката сметка и личните податоци, во случај кога тоа е наложено законски; кога треба да се спроведат или применат Условите за користење на услугата; кога треба да се заштитат нашите права, интелектуалната сопственост или сигурноста на Webstrian, нашите корисници и останатите. Ова вклучува и размена на информации со останати компании и организации со цел заштита од измами.
12. ЛОГ ДАТОТЕКИ
Кога се пристапува до веб-страниците на Сајтот, ние автоматски собираме информации и ги зачувуваме во лог датотеки. Овие информациии ги вклучуват: IP-адресите, адресите на страниците до кои се пристапува (URL), географските локации, типот на пребарувачите, интернет сервис провајдерите (ISP), оперативните системи, посетените страници, времето на посета и слично.
Ние ги користиме овие информации, кои не ги идентификуваат индивидуалните корисници, за статистички цели, за анализа на трендови, за да се администрираат веб-сајтовите, за да се гледа движењето на корисниците низ веб-сајтовите и за да се соберат демографски информации за нашата база на корисници во целина. Ние не ги поврзуваме овие автоматски собрани податоци со личните информации, освен во случај кога постои активност за која се смета дека е во конфликт со нашите Услови за користење. Во тој случај овие информации може да се искористат за да се идентификуваат корисниците кои ги прекршуваат Условите за користење или Политиката за приватност.
13. КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Како и најголемиот број на веб-сајтови, така и Webstrian користи колачиња (cookies), како мало количество на информации кое се чува на корисничките компјутери. Колачињата ни овозможуваат да ги “запаметиме” информациите за преференците и најавите на корисниците и им овозможуваат на корисниците да се движат низ Веб-сајтот без потреба да се најавуваат повторно. Корисниците кои ги исклучуваат колачињата нема да бидат во можност да го користат Webstrian, бидејќи тие се задолжителни за да се одржува најавата во нашиот сервис. Исклучувањето на колачињата не ги спречува корисниците да пристапуваат на јавниот дел од Веб-сајтот, меѓутоа дел од опциите во јавниот дел може да бидат деградирани.
Колачињата може да се поврзат со персоналните податоци во случајот кога корисникот е најавен во Сервисот. Во тој случај колачето од неговиот компјутер го идентификува корисничкиот профил во нашиот систем.
Оваа Политика за приватност го покрива користењето на колачињата само од Webstrian, и не го покрива користењето на колачињата од огласувачите. Некои од нашите бизнис партнери исто така користат колачиња на нашиот сајт. Ние немаме пристап и контрола над тие колачиња.
За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“.
14. ВАШИТЕ ПРАВА
Како субјект на податоци, можете да нé контактирате во врска со заштитата на податоци со цел да ги искористите вашите права. Вашите права се следните:
- Право да добиете информации за обработката на податоците и копија од вашите податоци
- Право побарате исправка на неточни податоци или пополнување на нецелосни податоци
- Право да побарате бришење на личните податоци;
- Право да побарате ограничување на обработката на податоците
- Право да ги добиете вашите личните податоци во структуириран, вообичаено користен и машински читлив формат и право да побарате пренос на овие податоци до друг контролор
- Право на приговор на обработката на податоците
- Право да ја повлечете дадената согласност во секое време со цел запирање на обработката на податоците што се заснова на ваша согласност
- Право на поднесување на приговор до надлежниот надзорен орган: “Агенција за заштита на личните податоци”
15. ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ
Вашите лични податоци добиени преку нашата веб-страна се чуваат се додека не се исполни целта за која тие биле потребни. Исклучоци од ова правило се случаите кога сме законски обврзани да ги чуваме вашите податоци за целите на доставување на информации до органите на власта, како на пример до финансиските и даночните служби. Во овие случаи мора да се почитуваат периодите на чување на податоците според законските прописи, каде периодот на чување за одредени податоци може да биде 5 или повеќе години. Исто, периодите на чување на податоците може да се продолжи и поради наш легитимен интерес како на пример: да се гарантира безбедноста, да се спречи злоупотреба или да се гонат кривични престапници.
16. ЛИНКОВИ ДО ДРУГИ САЈТОВИ
Webstrian содржи линкови кон други сајтови кои не се во сопственост и под контрола на Икс Софт. Ве поттикнуваме да бидете свесни кога го напуштате нашиот веб-сајт да ја прочитате политиката на приватност на сајтот на кој сте се префрлиле. Оваа Политика за приватност се однесува само на информациите кои се собираат од овој сајт.
17. БИЗНИС ТРАНЗИЦИЈА
Доколку Икс Софт помине низ бизнис транзиција, во таа транзиција најверојатно ќе бидат опфатени и персоналните информации. Корисниците ќе бидат известени преку е-маил доколку дојде до каква било промена на сопственоста или промена на контролата на нивните личните податоци.
18. ПРОМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Во случај доколку одлучиме да ја промениме Политиката за приватност, промените ќе бидат објавени во оваа Политика за приватност и на други јавни места. Политиката за приватност нема да се менува во насока да биде помалку заштитничка од претходната, без за тоа да има согласност од засегнатите корисници.
Го задржуваме правото да ја менуваме Политиката за приватност во кое било време и затоа Ве замолуваме да ја проверувате почесто.
19. ЛИЦА ПОД 18 ГОДИШНА ВОЗРАСТ
На лицата помлади од 18 години им е забрането да креираат или користат кориснички сметки на Webstrian и ние свесно не собираме информации за лица помали од 18 години. Доколку забележиме дека лице под 18 години има внесено лични информации во нашиот систем, ќе ги избришеме тие информации од нашите датотеки.
20. КОНТАКТ
Доколку имате прашања или сугестии за нашата Политика за приватност, ве молиме отворете ја нашата
контакт страница и искористете ги контакт информациите приложени таму за да нѐ контактирате.